Назад кон репертоар
Плакат за балетот Шехерезада
Балет

Шехерезада

Датум и час19 септември 2026 · 19:30
СценаГолема сцена
Времетраење1ч

ШЕХЕРЕЗАДА – Николај Римски Корсаков (балет)

За претставата

Царот Шархијар се одмара во својата одаја. Неговиот брат шахот Земан го забавуваат харемските девојки со песна и игра. Шахријар е заинтересиран само за својата миленичка Забеида, но Земан се сомнева во нејзината верност. Шахријар, потпаѓа под влијание на Земан и објавува дека ќе оди на лов, а девојките од харемот ја заговараат Забеида да му пријде на Шахријар и да му посака среќа во ловот, за да се оттргне секое сомнение. Кога мажите одат, девојките го поткупуваат главниот евнух кој ги чува да ја отвори вратата од харемот.

Црните робови влегуваат во харемот и почнуваат оргии со жените на Шахријар. Забеида за себе го одбира најубавиот меѓу нив. Одеднаш се враќа Шахријар. Сомневањето на Земан се потврдува. Смртната казна пристигнува за робовите и евнусите. Забеида го моли царот за милост и го убедува во нејзината верна љубов. Иако за момент се колеба, Шахријар за да ја спаси својата чест ја жртвува својата љубов. Забеида која не наоѓа решение се самоубива во прегратката на царот Шахриј.

Уметнички тим

Диригент
Бисера Чадловска
Кореограф
Михаил Крапивин (Русија) — со првична постановка на Михаил Фокин
Сценограф
Марија Ветероска — по сценографијата на Л. Бакст
Костимограф
Маја Бурсаќ (Србија) — по костимографија на Л. Бакст
Концерт мајстор
Верица Ламбевска
Репетитори
Марија Јосифовска Ристовска, Дафина Данилоска-Кочевска, Билјана Басмаџиева Ковачевски, Володимир Борисов (Украина)
Инспициенти
Тијана Тарчуговска Георгиева, Дубравка Шопова
Корепетитори
Марјан Василевски, Стефан Пехчевски

Настапуваат

ЗабеидаНаташа Трендафилова Гицев
Златен роб:Балаж Лочеи

Хорот и оркестарот на Национална опера и балет