
Госпоѓа Бовари
Балет во два чина според романот на Флобер — соништа за раскош и љубов кои водат кон трагедија.
За претставата
„Госпоѓа Бовари“ е балет во два чина, изработен според истоимениот роман на Гистав Флобер (1857).
Ликови: Ема Бовари — млада жена опседната со соништата за романтична љубов; Шарл Бовари — нејзиниот сопруг, добродушен провинциски лекар; Рудолф Буланже — шармантен аристократ и заводник; Трговецот Лере — продавач кој нуди богатства за долгови; Доктор Оме — прониклив селски аптекар; Маркизот и баронесата — домаќини на свечениот бал.
Анотација: Младата и мечтателна Ема Бовари се гуши во бракот со Шарл, чесен но здодевен провинциски лекар. Наспроти сивите денови во провинцијата, нејзината фантазија е исполнета со визии за страст, балови и париски раскош. Но на патот кон тие соништа, Ема се нурнува сè подлабоко во самоизмама, прељуби, финансиски долгови и на крајот трагедија.
Чин I, Сцена I — Бал во замокот: Ема и Шарл се поканети во замок каде светат лустери, свири музика и парови се вртат во танц — животот од соништата на Ема. Враќајќи се дома, таа повторно тоне во тишината на провинцискиот живот.
Чин I, Сцена II — Нови познанства: Нејзиниот свет е ограничен на сопругот, аптекарот Оме и трговецот Лере. Случајот носи ново лице — Рудолф Буланже, благородник кој доаѓа по лекарска помош. Меѓу него и Ема веднаш се создава искра.
Чин I, Сцена III — Продавницата на Лере: Желна да го импресионира Рудолф, Ема оди кај Лере, опкружена со ткаенини, накит и луксуз. Лере ѝ нуди кредит под залог на имотот на Шарл. Под притисок, таа прифаќа.
Чин I, Сцена IV — Шеталиште во парк: За време на прошетка со влијателни гости, Ема и Рудолф се зближуваат, а страста се распламтува.
Чин II, Сцена I — Домот на Рудолф: Ема често исчезнува од дома, предавајќи се на љубовта во домот на Рудолф, кој ѝ ветува дека ќе ја однесе во Париз.
Чин II, Сцена II — Забава во кабаре: На разуздана забава организирана од Лере, Ема и Рудолф се губат во вртлогот на страстите. Шарл ја затекнува Ема во кабарето; таа го отфрла и објавува дека оди со Рудолф.
Чин II, Сцена III — Крахот на илузијата: Лере ги бара парите. Рудолф, гледајќи ја без пари, се повлекува. Очајна, Ема го гледа самоубиството како единствен излез.
Чин II, Сцена IV — Епилог: Шарл, скршен од болка, губи сè — сопругата, домот, себе. Останува сам, во свет без надеж.
Уметнички тим
- Музика
- К. Сен-Санс, М. Равел, Ж. Масне, Ф. Менделсон, Г. Ф. Хендл
- Диригент
- Едуард Амбарцумјан — Ерменија
- Кореограф
- Виктор Ишчук — Украина
- Либрето
- Според романот „Госпоѓа Бовари“ на Г. Флобер
- Сценограф
- Андреј Злобин — Украина
- Костимограф
- Гана Ипатиева — Украина
- Генерален менаџер на проектот
- Киро Павлов
- Асистент-кореограф
- Владимир Борисов — Украина
- Асистент-костимограф
- Марија Пупучевска, Ангела Богеска
- Репетитори
- Марија Јосифовска Ристовска, Дмитро Чеботар — Украина, Дафина Данилоска – Кочевска, Билјана Басмаџиева Ковачевски, Владимир Борисов — Украина
- Концерт мајстор
- Јане Бакевски
- Пијанист
- Андреја Наунов
- Светло дизајн
- Милчо Александров
- Инспициенти
- Тијана Тарчуговска Георгиева, Дубравка Шопова
- Корепетитори
- Марјан Василевски, Стефан Пехчевски
Настапуваат
Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет
