Потпишан договор со INTEM Consulting за проектот за модернизација на Националната опера и балет
Во просториите на Националната опера и балет, денеска, 25 февруари 2020 година, м-р Васо Ристов – директор на Националната опера и балет, и Акиро Окамото, извршен директор на „INTEM Consulting, Inc.“, Јапонија, потпишаа договор меѓу НУ Национална опера и балет – Скопје, Република Северна Македонија и „INTEM Consulting, Inc.“, Јапонија.
Договорот се однесува на консултантски услуги за проектот наменет за подобрување на музичките инструменти, нотните пулта и столици, тонската опрема и осветлувањето за Националната опера и балет.

