Одржана тендерска церемонија во Токио за проектот за грант-помош во областа на културата
На 5 октомври 2020 година во Токио, Јапонија, се одржа церемонија за отворање на тендерот за проектот насловен „Проект за подобрување на музичките инструменти, тонската и светлосната опрема на Националната опера и балет на Република Северна Македонија“. Како претставник на Република Северна Македонија и НУ Национална опера и балет на церемонијата присуствуваше г-ѓа Кристина Стојчевска, вршител на работи во Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио, Јапонија.
Тендерот ѝ беше доделен на јапонската компанија „OGAWA SEIKI CO., LTD.“. Компанијата беше избрана по претходно изработените анализи од страна на консултантската фирма „INTEM Consulting, Inc.“ (со која нашата институција претходно заклучи договор).
Следствено, по сите горенаведени чекори, на 19 октомври 2020 година, НУ Национална опера и балет потпиша договор со „OGAWA SEIKI CO., LTD.“ од Токио, Јапонија.

